Бидете активни и здрави: Како да се мотивирате да вежбате? – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/20 8:27 PM

Бидете активни и здрави: Како да се мотивирате да вежбате?

Да се мотивирате за вежбање може да биде тешко, но доколку сте во депресија или се соочувате со некои други проблеми, може да биде двојно потешко. Всушност, депресијата и анксиозноста прават да се чувствувате заробено. Дури  и да знаете дека вежбањето може да ви помогне да се чувствувате подобро, доколку сте анксиозни или депресивни значи дека енергијата целосно ви е исцрпена. Што да направите во ваков случај?

Доколку не сте вежбале долго време, поставувањето високи цели како секојдневно вежбање или трчање на маратон, тоа може да ве однесе кон уште подлабок очај. Поради тоа, подобро е да си поставите некои помали цели што се лесно остварливи во блиска иднина.

Доколку е некако можно, одредете време за тренинг тогаш кога вашата енергија е најголема. Доколку сте личност која се буди рано наутро, тогаш вежбајте во утринските часови, бидејќи во вечерните ќе бидете уморни и нема да имате никаков мотив.  Имајте на ум дека на почеток важно е да се впуштите кон телесната активност, макар тоа да претставува и петнаесетминута прошетка, благодарение на кое ќе ви се разбистри умот, но и ќе ви се подобри расположението.

Соседоточете се на активностите во кои уживате

Секоја активност која ве „движи“ се смета за важна. Тоа би можело да подразбира работа низ дома, возење велосипед до некоја поблиска релација, прошетка до центарот на градот или разгледување излози во трговски центар и слично. Ако никогаш порано немате вежбано, пробајте неклку различни активности. Важно е да се чувствувате удобно кога вежбате, а токму поради тоа треба и да одберете удобна облека, но и место за вежбање кое најмногу би ви одговарало.

Ако е потребно, наградете се себеси бидејќи сте ја завршиле активноста која сте ја испланирале. Доколку сметате дека потоа ќе се чувствувате подобро, тоа може да ве поттикне на вежбање. Немојте сепак да претерувате ако сакате да останете во добро расположение. Вежбањето не е казна поради парчето пица што сте го изеле, но исто така и „џамбо“ пицата што сте ја изеле не е награда за вежбањето со кое тукушто сте завршиле. Тоа исто така не значи дека не можете да јадете пица,  туку дека генерално треба да се стремите кон поздрав начин на живот.

Инфoрмирајте се што е најдобро да се јаде пред тренингот, а што по него. Многу луѓе сведочат дека телесната активност ги поттикнала да се хранат поздраво, а сето тоа заедно резултира со еден здрав животен стил кој може да ви помогне да се чувствувате подобро.

Доколку сте тип на личност која ужива во самостојни активности, претворете го вежбањето во социјална активност. Вежбајте со пријателите, со партнерот/партнерката или со некои други драги луѓе со кои ќе ви биде поудобно и позабавно.

Она што многумина често го забораваат на почетокот на својот „вежбачки“ живот е фактот дека не морате веднаш да тргнете во теретана и да се форсирате Вежбањето ги вклучува сите обилици на движење. Доколку не сте расположени да трчате неколку дена по ред, тогаш пуштете си ја омилената музика и танцувајте во вашиот дом.

Ако и тоа не ви е забавно, одберете некои домашни обврски со чие извршување исто така ќе бидете активни. Колку и да звучи нереално, вежбањето со текот на времето ќе ви стане не само потреба, туку и приоритет. Откако ќе ги воочите првите резултати, ќе сфатите дека одењето на вежбање е автоматско и веќе нема да размислувате за тоа дали би сакале или не да правите нешто друго. Дури и кога немате мотивација, сепак вежбајте. На овој начин ќе станете свесни дека вежбањето е дел од вашиот животен стил. Важно е да сте активни и да уживате во тоа.

 

Извор:        krenizdravo.hr