Скопјанец ја киднапирал поранешната девојка – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/18 12:58 PM

Скопјанец ја киднапирал поранешната девојка

Дваесет и двегодишно момче ја киднапирало својата поранешна девојка, која е пет години постара од него – соопшти денеска  МВР.

Случајот во полиција го пријавила девојката, која раскажала дека додека стоела на автобуската постојка на Бит Пазар, поранешното момче ја повикaло да влезе во неговото возило. Потоа, скопјанецот со иницијали Ф.Ќ. излегол од возилото и насилно ја внел девојката со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал. Истиот и’ ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде побарала помош од вработените.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.