Македонскиот фудбалски репрезентативец и некогашен младинец на Работнички, Елиф Елмас, според локалните неаполски медиуми сè уште е на листата играчи заразени со коронавирус.
Повторното тестирање во Наполи покажало дека тој и полскиот играч од средината на теренот, Пиотр Зиелински, немаат негативен тест и ќе бидат исклучени од понатамошните обврски со клубот во Сериа А и европските натпреварувања.
Ваквата состојба со еден од најдобрите македонски играчи го доведува до прашање и настапот во финалето на 12 ноември во Тбилиси против Грузија, вреден место на Европското првенство 2021 година.
Коронавирусот за жал повторно се врати помеѓу фудбалерите. Денес ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, е последното име на неславната Ковид-19 листа.