Добри вести за љубителите на „Breaking bad“: Се враќаат Волтер и Џеси – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/18 12:52 PM

Добри вести за љубителите на „Breaking bad“: Се враќаат Волтер и Џеси

Продуцентот на „Breaking bad“, Винс Гилиган, откри дека Волтер Вајт и Џеси Пинкмен повторно ќе имаме прилика да ги гледаме во серијата „Better call Saul“.

„Breaking bad“ имаше неверојатна линија на заплети, но односот помеѓу Волтер Вајт и Џеси Пинкмен навистина ги „украде“ срцата на фановите.

Од 2015 година кога всушност започна да се емитува серијата „Better call Saul“, обожавателите на „Breaking bad“, со години повикуваа на повторна средба на Волтер Вајт и Џеси Пинкмен.

Сега публиката конечно ќе може да ја види својата омилена двојка, бидејќи продуцентот Винс Галиган најави дека едвај чека повторно да ги види популарните актери во улогите.

„Очајно сакам да ги видам двајцата во серијата „Better call Saul“. Питер Гулд (сценаристот) го посакува тоа, а и актерите исто така. Мислам дека доволно долго чекавме“, изјави Винс.

Оваа вест ја потврди и актерот Арон Пол, кој ја толкуваше улогата на Џеси Пинкмен.

„Ако Винс донел одлука повторно да го гледаме Џеси во серијата „Better call Saul“, тоа е сигурно поради голема причина. Неговата појава сигурно има цел и едвај чекам да почнеме со снимањата“, порача Арон.

Превземено од: Кајгана