Словенија со нови рестриктивни мерки, можна е вонредна состојба – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 4:22 PM

Словенија со нови рестриктивни мерки, можна е вонредна состојба

Вкупно 397 лица во изминатото деноноќие во Словенија биле позитивни на коронавирусот. Според претставникот на словенечката влада Јелко Кацин, со просечно 120 новоинфицирани на 100 жители во последните две недели, исполнет е најважниот критериум за активирање на дополнителни рестриктивни мерки.

Мерките би опфаќале воведување вонредна состојба на нивоа на општини, затворање на барови, ресторани и спортски сали, како и забрана за посета на болници и други институции. Исто така можат да се забранат верските церемонии и свадбите.

Словенечката влада за новите рестрикции треба да одлучува утре.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се регистрирани 9.231 случаи, а починале 173 лица.