Јани Атанасов со гол во последните моменти ги остави надежите на Македонија за ЕП У21 – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 4:16 PM

Јани Атанасов со гол во последните моменти ги остави надежите на Македонија за ЕП У21

Промашен пенал, гол во последните секунди од мечот и многу борба. Младата македонска фудбалска репрезентација до 21 година, против Израел на домашен терен изигра нерешено 1:1 и успеа барем накратко да ги одржи во живот надежите за претстојното Европско првенство.

Крилниот напаѓач на Хапоел Тел-Авив, Шеј Елиас, во 21 минута го отвори резултатот и му донесе водство на Израел. Нашите момци се обидуваа да се вратат во игра се до 55 минута кога главниот арбитар покажа на белата точка за гостите.

Голманот на македонската репрезентација, Ристо Јанков, одлично го процени ударот на Хаим Алмог и не дозволи окончување на резултатот и веројатно окончување на шансите за елитниот турнир следната година.

Во последните секунди од двобојот, херојската улога од Јанков овојпат ја презеде фудбалерот на Хајдук Сплит, Јани Атаносов и од слободен удар погоди за изедначување и 1:1.

Mакедонија со овој бод останува на втората позиција на табелата, веднаш зад Шпанија која има 19 поени и натпревар помалку.