Стопирано тестирањето на вакцината против ковид-19 на „Џонсон енд Џонсон“ поради необјаснива болест кај волонтер – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 3:08 PM

Стопирано тестирањето на вакцината против ковид-19 на „Џонсон енд Џонсон“ поради необјаснива болест кај волонтер

Американскиот гигант „Џонсон енд Џонсон“ привремено ги стопира клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот поради необјаснива болест кај учесник во тестирањата, велат од компанијата.

Од таму додаваат дека ваквите паузи и инциденти се вообичаени во текот на едно испитување кое има голем број на волонтери.

Компанијата инаку штотуку почна со големи тестирања на експерименталната вакцина, на повеќе локации во САД, Мексико, Аргентина, Бразил, Чиле и Јужна Африка.