Отворањето на границите нема ја подобри економијата во нашата земја – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 1:46 PM

Отворањето на границите нема ја подобри економијата во нашата земја

Ќе се отворат или ќе се затворат границите за нашите соседи од балканските земји, за трговците и угостителите од полошко не е ни најмалку важно. Велат дека со нивното доаѓање во Македонија, воопшто нема да им се зголеми прометот, кој поради пандемијата им е паднат и до 80 %.

 Куповната моќ на нашите соседи е иста како и нашата, слична е состојбата и кај нив со пандемијата, па и тие купуваат тоа што им е неопходно, а и да дојдат тука нема да трошат, тоа што им треба ќе го пазарат кај нив дома, велат трговците, откако вчера се отвори границата за соседно Косово , а се најавува и владина седница на која ќе се разгледува опцијата за ревидирање на одлуката за влез на странци во нашата држава, без тест за КОВИД 19.

Здравствените работници, сметаат дека воопшто не треба да се отвораат границите, ако знаеме каква е епидемиолошката сосотоба во земјава, но и свеста на населението за заштита од КОВИД 19

Како и на почетокот од пандемијата така и денеска, полошкиот регион е меѓу првите по постојаното зголемување на забоелни со КОВИД 19.

Зоран Димовски