Новинарот Душко Арсовски е нов портпарол на Владата – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 12:50 PM

Новинарот Душко Арсовски е нов портпарол на Владата

Владата на својата денешна седница го именуваше новинарот и уредник Душко Арсовски за нејзин портпарол. Покрај него активен портпарол останува и Мухамед Хоџа.

Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство, на јавноста и е познат од Македонската радио телевизија, каде од 2012 работи како уредник на надворешна политика, а бил и заменик главен уредник на информативна програма.

Роден е во 1977 во Куманово.