Пратеникот од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека власта ќе се соочи со криза доколку „на мускули“ го тера проектот онлајн седници, бидејќи ризикува политичка криза во собранието и надвор од него.
– Уставот има императивна норма во член 69 каде што се налага присуство на пратениците во собранието. Секоја друга форма на одлучување на собранието би била спротивна на Уставот. Исто така и деловникот на собранието во многу членови, би го навел само член 49, вика дека пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на собранието и да учествува во неговата работа, рече Милошоски
Според него оние закони кои би се изглале на онлајн седници а уставот предвидува присуство – порано или подоцна би можеле да паднат на уставниот суд.