Во недела ќе се жени градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Избраничката на неговото срце е скопјанката Јелена Брауновиќ, наставничка во ОУ „Киро Глигоров“, со која се во врска неколку месеци. Дознавме дека венчавањето на вљубената двојка ќе се случи во манастир во Грачаница, на Косово.
ММС.мк го контактираше градоначалникот Богдановиќ, кој ни потвдри дека в недела ќе биде венчавањето.
-Да, точно е дека ќе се венчаваме со Јелена во недела. Се запознавме на Косово и бидејки се почна од таму, па решивме почетокот на заедничкиот живот и крунисувањето на нашата љубов пред Бога да биде во манастрирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница. се знаеме повеќе од три години, а во врска сме повеќе од една година, доволно за да се запознаме и да одлучиме понатаму животот да го продолжиме заедно. На венчавањето ќе бидат присутни само најблиските, со кумовите и старосватовите, а потоа ручек во ресторан. Свадбата ќе ја правиме тука, ама понатаму, кога и ќе го склучиме граѓанскиот брак. Сега ќе биде само венчавањето во црква, рече Богдановиќ за ммс.мк
Весна Миленковска
Фото: Фејсбук