Директорката на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност, Лидија Димова, на денешната прес-конференција изјави дека инфомрациите кои минативе денови се актуелни биле за тотално замајување на јавноста а таа нема да даде оставка додека не се открие каде биле проневерени 2.2 милиони евра европски пари.
Според неа целата оваа ситуација се должи на тоа што таа во јуни објавила сторија за злоупотреба на европски средства во висина од 2.2 миилиони евра, за случај кој и уредно го пријавила во Брисел.
Димова вели дека парите се делат по програма која ја утврдува Брисел и дека е манипулација мислењето дека директорката ги дава парите.
– Ние добиваме прирачник во кој се дадени сите правила како се оценуваат проектите и како се даваат парите. Станува збор за грант, поточно за повеќе грантови, но не на фризерница туку на претпријатието В.Е.З ТРЕЈД. Господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната е дека јас со него се наоѓам пред неа. Дури и тоа да беше фризерница, во Еразмус програмата има простор за сите, во минатото сме давале и такви грантови и тоа не е ништо спорно. Ние сме на еднакво ниво како и државите членки на ЕУ и ги применуваме нивните правила, вели Димова.