In Memoriam: Почина архитектката Марина Мичиќ – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 9:44 AM

In Memoriam: Почина архитектката Марина Мичиќ

Денеска на Градски гробишта во Бутел, ќе биде погребана Марина Мичиќ, основач и сопственик на компанијата „Милениум дизајн“ од Скопје.

Мичиќ (родена 1971), беше позната атхитектка, магистер на Архитектонскиот факултет во Скопје, со специјалност внатрешен дизајн. Во 1998 година ја основа компанијата „Милениум дизајн“, каде работеше со тим од архитекти.
Со „Милениум дизајн“, Мичиќ има подготвено и реализирано повеќе десетици успешни архитектонски проекти  – ентериери, објекти и фасади, како и проекти од областа на дизајн на мебел и подготовка на техничка документација.
Архитект Марина Мичиќ е автор на проектот за зградата на Мултимедиалниот центар Канал 77, каде работи националното радио Канал 77.

Марина Мичиќ ќе остане запаметена по креативните идеи, практичните изведби и подготвеноста за соработка.