Научник од Стенфорд: Пресметавме, глобалната смртност од Ковид-19 е меѓу 0,15 и 0,20 отсто – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 9:48 AM

Научник од Стенфорд: Пресметавме, глобалната смртност од Ковид-19 е меѓу 0,15 и 0,20 отсто

Џон П.А.Јоанидс, водечки светски експерт за епидемиологија, објави исклучително важно истражување „Гобални перспективи на Ковид-епидемиологијата за полн круг на пандемиајта“. Тоа истражување на научниците од Станфорд, кој е меѓу најцитираните во светот, може сериозно да им ја наруши репутацијата на сите оние кои најавуваа огромен број мртви во текот на коронавирус-пандемијата, пренесува „Јутарњи лист“.

Стенфордскиот научник наведува дека глобалната стапка на смртност е меѓу 0,15 и 0,20 остсто кај општата популација, додека кај луѓето помлади од 70 години – 0,03-00,04 отсто, што значи дека бројките се далеку од оние што се најавуваа и предизвикуваа паника. Тој предупредува и дека повисоката смртност во почетоот на пандемијата можеби била предизвикана од погрешното управување со епидемијата, дисфункционалните здравствени состави, лошите терапии, грешки кои во иднина можат да се избегнат.