Кичеец се уште не се пријавил во Шутка – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 9:33 AM

Кичеец се уште не се пријавил во Шутка

Зоран Милески Кичеец до утрово не се пријавил во Шутка, иако вчера најави дека нема да бара одложување на затворската казна.

Директорот на затворот, Есад Рахик, за „Фокус“ потврдил дека Кичеец не дошол во затворот.

Упатниот акт на Милески беше со вчерашен датум – 12 октомври 2020.

Од вкупната тригодишна казна Кичеец има преостанато уште неполна година и половина, бидејќи дел одлежа а дел од времето беше и во домашен притвор.

Тој беше осуден во случајот „Рекет“, за примање награда за противзаконито влијание. Во овој случај осудени се и Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13.