Време: Денеска врнежливо и ветровито, утре преодна стабилизација – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/20 6:05 AM

Време: Денеска врнежливо и ветровито, утре преодна стабилизација

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови, каде ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Максималната температура до 22 степена. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.