Една тинејџерка од Колорадо, која претрпе сериозно оштетување на мозокот, како резултат на компликации од операцијата за зголемување на градите, почина, изјави адвокатот на нејзиното семејство. Емалин Нгуен (19) поминала повеќе од 14 месеци во кома пред да почине минатата недела, објави новинската станица KCNC.
Семејниот адвокат Дејвид Вудруф изјави дека нејзините родители и роднини биле скршени. „Овој развој за жал беше неочекуван.
Нгуен организираше операција за зголемување на градите со д-р Џефри Ким на 1 август 2019 година во Клиниката за естетика и пластична хирургија во Колорадо во селото Гринвуд. Но, откако доби анестезија, доживеа срцев удар и операцијата никогаш не беше извршена.
Ким, чија лекарска лиценца беше привремено суспендирана, но му се врати на почетокот на оваа година и е под надзор следните три години, подоцна призна дека не повикал брза помош околу пет часа.
Емалин остана во кома со оштетување на мозокот.
Вудруф изјави дека се чинело дека нејзината состојба се подобрува, но нејзиното здравје одеднаш се влошило кога се здобила со тешка пневмонија на 2 октомври и доживеала нов срцев удар.
Била реанимирана, но починала два дена подоцна.
„Светот изгуби прекрасна, слатка, жива млада дама“, рече Вудруф. „Таа имаше живот пред себе, кој беше непотребно скратен.
Нејзиното семејство претходно презеде правна постапка против Ким и анестезиологот Рекс Микер, обвинувајќи ги за небрежност, а Вудруф сега најави нова тужба.
„Нејзините родители веруваат дека е императив да се раскаже приказната на Емалин, за да му служи на правдата и да спречи тоа некогаш да му се случи на друг пациент“, заклучи адвокатот
Извор и фото: index.hr