Застрелан полицаец пред владата во Загреб, напаѓачот се самоубил – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/20 12:09 PM

Застрелан полицаец пред владата во Загреб, напаѓачот се самоубил

Со повеќе истрели од огнено оружје утринава во центарот на Загреб, во близина на хрватската Влада, бил застрелан полицаец, пренесуваат хрватските медиуми.

Хрватското министерство за внатрешни работи соопшти дека на полицаецот пукал 22-годишник кој потоа се самоубил. Момчето било хрватски државјанин и не и бил познат на полицијата од претходно.

Според очевидци напаѓачот пукал накај зградата на владата, а по инцидентот на лице место пристигна и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

 

Како што пренесува „ХРТ“ полицаецот е вон животна опасност, но во сериозна состојба.