Музичарот Бобан Мојсовски во болница, позитивен на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/20 10:17 PM

Музичарот Бобан Мојсовски во болница, позитивен на Ковид-19

Музичарот Бобан Мојсовски е позитивен на Ковид-19. Тој на својот Фејсбук профил  објави дека денес го добил тестот, кој е позитивен. Вечерва се обратил во болница и задржан е на лекување.

https://www.facebook.com/boban.mojsovski/posts/10221906546520376

-Во средата бев на митинг, за поддршка на естрадата. Дојдов со маска, речиси на крајот и бев на бина кога се обраќавме во името на Здружението на естрадни  уметници. Потоа си заминав веднаш. Вечерта ме стресе. Утредента се јавив кај матичниот лекар и таа ми рече да почекам уште ден-два и ми закажа тестирање во сабота. Сите овие денови имам температура од 37,5 до 39 и не се намалува. Вчера се тестирав и денес ми го соопштија резултатот. Бидејки не ми се намалува температурата пред малку дојдов во болница во „8 септември“ и ме задржаа. Освен температурата немам друг симптом. Примам инфузија, витамини и антибиотици, ни рече Бобан.