Западните медиуми ја забележале неговата емотивна состојба посебно дека зборувал за човечки судбини.
Во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, во саботата се одржа голема воена парада, по повод 75-годишнината од владејачката Комунистичка партија, на која беше прикажана моќна интерконтинентална балистичка ракета. Лидерот на земјата, Ким Јонг Ун, одржа емотивен говор, многу поразличен од претходните, па дури и плачеше.
Воената парада и демонстрација на моќта кулминираа со реткото појавување на лидерот на земјата, кој им се обрати на приврзаниците.
Овој пат, Ким посвети голем дел од својот говор на специјално подготвени пораки за да покаже сочувство кон народот на Северна Кореја.
Во својот говор, тој изрази благодарност и рече дека му е жал што не успеа значително да го подобри животот на граѓаните, и покрај нивната апсолутна поддршка.
Меѓународните медиуми го забележаа емотивното однесување на Ким, особено додека тој зборуваше за несреќите на луѓето.
Тој беше снимен за миг како ги трга очилата за да ги избрише солзите на сред говор.
Ким беше емотивен и плачеше додека им се заблагодаруваше на граѓаните на Северна Кореја за „нула“ случаи на ковид. Тој исто така им посака сè најдобро на другите во светот кои се борат против ковид.
– Им посакувам добро здравје на сите луѓе ширум светот кои се борат против болеста на злобниот вирус – рече тој.
За време на својот говор, тој употреби изрази како „сериозни предизвици“, „безброј искушенија“ и „невидени катастрофи во историјата“.
Ова, според експертите, покажува дека навистина му е тешко да се снајде, а тој чувствува притисок поради загриженост дека неговите луѓе би можеле да бидат вознемирени или потресени поради ваквите тешкотии.
Како што може да се види на видеото, Ким Јонг Ун, но и луѓето во толпата, не носеа маски за лице, ниту пак некој обрнуваше внимание на социјалната дистанца.
Од друга страна, многумина пролеваа солзи додека го слушаа.
Експертите се согласуваат дека овој говор е многу различен од претходните говори на воените паради, кои главно се фокусираа на истакнување на воената моќ.
Според извештаите во медиумите, Ким се борел да не плаче додека зборувал за агонијата со која се соочуваат луѓето во неговата земја, но наводно имал голема насмевка на лицето кога на парадата се појавила интерконтинентална балистичка ракета, за која се сомневал дека може да ја достигне до сега.
Преземено од: https://www.telegraf.rs/