На Крањска Гора, познат словенечки скијачки центар, днеска беше забележа првиот снег оваа година.
Слично беше и во Хрватска, каде што со почетокот на постудено време, снегот пристигна во Горски Котар.
Создавањето на снегот може да се види преку камерата поставена на врвот на Радежево.
Снег треба да има и во другите планински области, а се очекува и во Завичан, велат хрватските метеоролози.
Кога станува збор за БиХ, за утре е најавено облачно време со врнежи од дожд. Снег се очекува на планините кон крајот на денот и во вечерните часови.
Од друга страна, Републичкиот хидрометеоролошки институт на Србија издаде предупредување за обилни врнежи од дожд на подрачјето на скоро целата земја за утре и задутре.