Сообраќајна незгода во Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/18 8:43 AM

Сообраќајна незгода во Прилеп

 

Четириесет и двегодишен маж се здобил со тешки телесни повреди, откако вчеравечер бил удрен од патничко моторно возило на улица „Сотка Ѓорѓиески“ во Прилеп.  По незгодата, возачот го го напуштил местото на настанот – соопшти денеска МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – додаваат од Министерството.