(ВИДЕО) Зарина Првасевда преку видео приказна и песна, гласна за заштита на Шар Планина – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/20 12:35 PM

(ВИДЕО) Зарина Првасевда преку видео приказна и песна, гласна за заштита на Шар Планина

„Шара е приказна, Шара е домa, Шара е лулка на бесценети погледи, многу љубови, битки и инспирација за безбројни безвременски традиционални песни како оваа. На Шара и е потребна нашата прегратка! Гушни ја и ти – крени глас за неа!“, со овие транспаренти на врвот Љуботен, Шар Планина, младата пејачка Зарина Првасевда во борба за заштита на Шар Планина.

Таа преку видео приказна гласно се бори за заштита на една од најубавите и најегзотични планини во нашата земја. Неодамна видеото беше прикажано и на платното на „ЕХО Фестивалот на планински филм“.

„Бескрајно сум благодарна на довербата и поддршката на целиот тим, кои дури и во вакви сиви времиња, сепак успеa да го реализираат целиот фестивал (нормално, според сите протоколи) но и да потсетат дека спортот и културата сепак се сеприсутни и не се невозможни“, напиша Зарина Првасевда на нејзиниот профил на Фејсбук.
Видеото како штп вели таа снимено е над облаците – на врвот Љуботен, Шар Планина.
„Го правам ова во знак на протест , преку моите најголеми љубови – песната и планината, а на јазикот кој најлесно го говорам – песната, за кого верувам дека е јазикот кој најчисто комуницира со емотивното на поединецот, безразлика на националност, религија, пол, раса или било какви други припадности. Бескрајно сме и потребни на природата, а сега како никогаш претходно, потребни сме и на Шар Планина“, напиша таа во најавата за видеото.