Личниот доктор на американскиот претседател Донал Трамп, Шон Конли најави дека здравјето на Трамп се подобрува. Претходно во саботата, претседателот одржа говор пред насобраните од балконот на Белата куќа, што е негов прв јавен настап откако беше хоспитализиран поради коронавирус.
Некои беа загрижени дека Трамп сепак може да биде заразен. Лекар од Белата куќа рече дека неодамнешните тестови покажале дека „веќе нема докази за активна репликација на вирусот“ и дека вирусното оптоварување е „намалено“. Сепак, во изјавата не се наведува дали Трамп бил негативен за коронавирусот.
Конли наведува дека Трамп бил подложен на чувствителни лабораториски тестови со кои се открива нивото на вирусот во неговото тело.
„Вечерва сум среќен да објавам дека, покрај тоа што Трамп ги исполни критериумите на ЦДЦ за безбедно прекинување на изолацијата, PCR-тестовите на ковид-19 покажуваат дека, според моментално прифатените стандарди, тој повеќе не претставува ризик од пренесување (коронавирус) за другите “, рече Конли.
Трамп разви симптоми на коронавирус пред 10 дена, а еден ден подоцна беше примен во воената болница Валтер Рид. Во болницата Трамп, покрај другите лекови, доби кортикостероид дексаметазон, кој обично се дава само во потешки форми на болеста. Трамп на собраните во саботата им рече дека „се чувствува одлично“ и дека не пие лекови против ковид-19, пренесува Хина.
Преземено од: https://www.dnevnik.ba/