(ВИДЕО) Воз удри во автобус полн со туристи во Тајланд, најмалку 17 мртви – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/20 9:53 AM

(ВИДЕО) Воз удри во автобус полн со туристи во Тајланд, најмалку 17 мртви

Сообраќајна несреќа се случи на Тајланд , најмалку 17 луѓе загинаа рано утрово при удар на воз во автобус.

Туристичкиот автобус со 65 патници преминувал преку железничка пруга 80 километри источно од Банкок, кога на него налетал воз.


Во судирот најмалку 17 луѓе се мртви, а 30 повредени, изјавил за една тајлантска телевизја локалниот началник.

„Врнеше дожд, можеби возачот на автобусот не го видел возот“, изјавил тој.

Сите повреени се префрлени во две болници. Полицијата соопштила дека го истражува случајот.

Автобусот превезувал туристи од провинцијата Самут Пракан до дудстичкиот храм во Чачаненгсау.

Преземено од:https://mondo.rs/