Се уште нема информации за исчезнатиот Ристо Ѓорѓиевски, 83-годишен жител на делчевското село Косово Дабје. Како што вели неговиот син Душко Ѓорѓиев, иако потрагата по неговиот татко била интензивна во последните две недели, сепак никаква трага, ниту од таткото Ристо, ниту било што од неговата облека, досега не е пронајдено.
Тој има надеж во делчевските ловџии, кои во наредните два дена ќе бидат во шумски предели, поради што ги замолува да му излезат во пресрет доколку забележат нешто што можеби води кон каква било трага од неговиот татко да ја споделат информацијата со него.
– За жал потрагата по татко ми не вроди со плод. Еве за денес и утре се надевам на помошта од ловџиите. Тие во недела и за време на празници обично се на лов и во шума. Ќе ги замолам, доколку забележат, било што како трага од нешто што наликива на изгубен човек, да ме побараат на 072-547-073, вели Душко.
Ристо Ѓорѓиевски, кој е последниот жител на селото Косово Дабје или Шопје, последен пат бил бос, со жолто палто и жолти пантолони и е виден пред околу 15 дена.