Атлетски митинг во Куманово по повод 11 Октомври – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/20 5:34 PM

Атлетски митинг во Куманово по повод 11 Октомври

Атлетскиот клуб Куманово по повод 11 Октомври, денеска по осми пат организираше митинг на атлетската патека во близина на „Наце Буѓони” Куманово. Митингот го организираше клубот во соработка со атлетската федерација на државата во соработка со општинскиот сојуз на спортови Куманово. Годинава, поради пандемијата програмата е скратена.

– Имаме настапи во машка и женска конкуренција во повеќе дисциплини, 60 метри, 200 метри, 400 метри трка во машка конкуренција, фрлање ѓуле, скок во далечина и традиционалната штафета. Натпреварот се одвива според протоколот одобрен од атлетската федерација, добиен од соодветните институции-изјави Филип Колевски, од кумановскиот атлетски клуб.

Александра Војнеска Зикова, претседател на Атлетска федерација, истакна дека Куманово секогаш е добар домаќин и сите заеднички и федерацијата и клубот даваат максимум за организирање квалитетни натпревари, особено сега во услови на пандемија.