Шерил Кол ја раскина двегодишната врска – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/18 7:14 AM

Шерил Кол ја раскина двегодишната врска

Парот Шерил и Лиам Пејн одлучија да стават крај на двегодишна врска. Тие заедно, кои имаат едногодишен син, со емотивен пост на Twitter им ја соопшти веста на нивните следбеници.

35-годишната пејачка и 24-годишниот поранешен член на One Direction напишаа: „Со тага објавуваме дека ние тргнуваме по различни патишта. Ова беше тешка одлука за нас. Сè уште имаме многу љубов еден за друг како семејство. Беар е наш свет и ве замолуваме да ја почитувате неговата приватност додека да го пронајдеме заедно нашиот пат.“

Шерил и Лиам се запознаа за време на снимањето на „The X-Factor“ во 2010 година, кога Лиам се натпреваруваше во шоуто за таленти.

Тие за првпат се појавија во јавност како пар во мај 2016 година, додека Шерил се разведуваше од Жан-Бернард Фернандез-Версини. Нивниот развод беше финализиран во ноември 2016 година.

Синот на Шерил и Лиам, Беар, се породи во март минатата година.