Во организација на хрватското здружението „Либертас“и Радио Канал 77, денес во посета на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип, беше хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ.
Амбасадорката во Ресурсниот центар оствари средба со членовите на Здружението ,,Либертас“, го посети Радио Канал 77, а даде и кратко интервју.
Во интервјуто зборува за нејзините согледувања за состојбите во земјата, за последниот извештај за напредокот на Р.С Македонија, за хрватската заедница во земјава, за македонската традиција и храна.
Поради состојбата со пандемијата, вели дека не била во можност многу да патува низ Македонија, да ја почуствува одблиску културата, традицијата и храната, но сепак успеала да научи да подготвува тавче-гравче.