Најавени мировни преговори меѓу Ерменија и Азербејџан – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 4:48 PM

Најавени мировни преговори меѓу Ерменија и Азербејџан

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, соопшти дека министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија ќе присуствуваат на состанокот во Москва, чија тема е Нагорно Карабах. Захарова рече дека трилатералниот состанок на ниво на министри за надворешни работи ќе се одржи уште денеска.

„Баку и Ереван потврдија дека ќе учествуваат на состанокот во Москва. Подготовките се во тек“, рече Захарова.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ги повика на состанок министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан. Во воените судири меѓу двете земји што траат десетина дена се претпоставува дека досега загинаа околу 400 луѓе од двете страни, а има и илјадници раселени.