Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против фирма од Радовиш и Л.П.(44) од Радовиш, сопственик и управител во фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– На 06.09.2020 полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на фирмата и констатирале дека на летната тераса била организирана матурска прослава, спротивно од член 12 од Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана, велат од МВР.