Пак ми се допаѓа ако ме нервира – Новата профилна слика на Филипче ги разбранува кртизерите ама и жените на Фејсбук – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 12:22 PM

Пак ми се допаѓа ако ме нервира – Новата профилна слика на Филипче ги разбранува кртизерите ама и жените на Фејсбук

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ја смени профилната слика на Фесбук, па во контекст на препораките за заштита од Ковид-19 стави слика со маска. Токму оваа слика предизвика лавина коментари, па дури и војна меѓу корисниците на оваа социјална мрежа. Над 500 коментари за само неколку часа со критики, пофалби, симпатии.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819203515053340/2514736025500082

Огнот го потпали коментарот  „Што се шета по коментариве недијагностицирано, да не верува човек“.  Потоа се редат коментари, што духовити, што критички за мерките, особено за тоа дека полицијата ќе проверува и по дома, дека полицијата им  гледа низ прсти на тие што седат по кафулињата без маски, а ги казнува оние кои и „кога сами се возат во автомобилот без маска“ .

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819203515053340/2335931390047214

„Ова е најголемото бламирање, не можеа да затворат ниту едно кафуле, па сега дома ќе ми доагаат“, или, пак, „нека ми дојде дома ама нека влезе и во автобус и да брои, бидејки на Шилегов му се доволно овие авттобуси а таму по 100 души внатре“, се вели во коментарите.

Сепак,  преовладуваат коментарите на жените, кои на почетокот на пандемијата си го одбраа министерот за симпатија, па и по осум месеци се уште ги држи отвореното за љубов женско срце. Меѓу нив  предничи популарната Лиде, која на секој негов коментар има само убави зборови и не бара веќе кафе, туку го чека ветувањето.

„Срцка“, „Шарм кој зрачи и преку маска“, „На моменти знае да ме изнервира ама ме научи да бидам смирена“, се само дел од коментарите на Лиде.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819203515053340/2488697271437291

Но, таа има и „сопернички“ кои велат; „шмекериште“, „душичка“, „пак ми се допаѓа, ако ме нервира“, „што да се прави, љубовта е слепа“…

Но, како и секогаш има и такви кои се во мировна мисија, па и духовити.

„Вие што се смеете, помалку смејте се, да не се пресмеете па да ви снема кислород“, „Доста е веќе со забрани. Почитуваме маски и растојание. Нека почнат со казни и нека не пуштат да живееме и да работиме сите“…

Го прашавме министерот дали ги чита коментарите и која е неговата порака. Тој ни рече:

„Жал ми е ако навистина така мислат тие што не прифаќаат. Мора да се свесни дека ова е за доброто на сите. И дека секој на секого и на сам себе помага со овие мерки“, рече Филипче за ммс.мк.

 

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2515024098804608