ВИДЕО: Големиот хит на „Oasis“ во изведба на Жоргињо, Киелини и останатите момци од Италија – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 11:42 AM

ВИДЕО: Големиот хит на „Oasis“ во изведба на Жоргињо, Киелини и останатите момци од Италија

Интернационалната пауза иако за најголемиот дел од фановите знае да биде досадна и неинспиративна, понекогаш знае да изроди убави спортски моменти.

Италијанската фудбалска репрезентација слободното време го користи да се забавува на стариот добар и едноставен начин. Гитара, акорди, по некој пијалок и добро друштво.

На видеото кое осамна на „Инстаграм“ профилот на фудбалерот на Челзи, Жоргињо, токму самиот играч од средината на теренот е главниот аниматор и задолжен за добрата атмосфера и заедништво кај „Азурите“. Киелини и Сиригу „го мумлаат“ текстот на „Wonderwall“, додека Марко Верати со телефонот снима и мрда со главата.

Погледнете gо видео материјалот кој ќе ви го расположи денот барем накратко, ви гарантираме: