Франција најавува мир во Нагорно-Карабах? – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 11:10 AM

Франција најавува мир во Нагорно-Карабах?

Ерменија и Азербејџан би можеле денеска или утре да склучат примирје по прашањето Нагорно-Карабах, соопштила агенцијата „АПФ“, повикувајќи се на извори од администрацијата на претседателот на Франција.

– Отприлика вечер или утре може да биде постигнато примирје, но не е сигурно, соопштиле од Елисејската палата.

Инаку денеска во Москва се одржуваат консултации околку прекинување на конфликот. Во Москва ќе допатуваат и шефовите на дипломатиите на Ерменија и Азербејџан.