Штом таман ќе грмне со подземен екот: Стефан Ристовски знае како да прослави победа – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/20 10:55 AM

Штом таман ќе грмне со подземен екот: Стефан Ристовски знае како да прослави победа

Македонската фудбалска репрезентација вчера навечер успеа да ја помине првата од двете пречки кон патот за Европското првенство следната година, победувајќи го Косово со 2:1 во добар, компетитвен и неизвесен натпревар.

Десниот бек на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, беше еден од најзаслужните за првиот гол на Македонија, а голот и победата над Косова по мечот ја прослави на невообичаен и автентичен начин.

Тапанот во рака, победничка атмосфера и многу среќни лица. Заслужија момците.