Пожар кој сè уште не е сосема изгаснат и околу 90 повредени – катастрофа во јужнокорејскиот град Улсан.
Пожарот, според претпоставките, избил помеѓу осмиот и дванаесеттиот кат од зградата која има вкупни 33 катови. Огнот брзо се проширил нагоре, меѓу другото, и поради силниот ветер. Според агенцијата Јонхап, сега огнот е под контрола. Која е причината за пожарот, засега не е познато.
Во пожарот се повредени околу 90 луѓе. Спасувачките екипи трагаат и натаму по станари во објектот, во кој живеат стотици луѓе.