Пејачката, Емина Јаховиќ ги потврди медиумските објави дека дошло до проблеми меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг, Мустафа Сандал, но сепак не откри дали причината за тоа е турскиот бизнисмен Садетин Саран.
Таа неодамна паузираше со настапите поради коронавирусот, а прашината во медиумите се крена неодамна откако се дозна дека таа веќе не е во добри односи со поранешнит сопруг. Како причина се споменуваше нејзината врска со бизнисменот Саран. Иако неодамна заедно беа на натпревар на еден од нивните синови, набргу се отследија на социјалните мрежи, а на новинарските прашања за односите со турската музичка ѕвезда одговара површно.
„Мустафа и јас мораме да бидеме во добри односи. Секој си го живее својот живот и тоа е природно“, изјави таа за Блиц.
„Тоа мораше да се случи во еден момент, овие две години бевме повеќе поради децата. Не се гледаме често, нема потреба да се следиме на Инстаграм, не постои никаква причина или кавга, едноставно малку се оддалечивме како јас и тој, но како мајка и татко на нашите деца комуницираме“, објасни пејачката за емисијата Ексклузив.
Извор: blic.rs