Британскиот Завод за национална статистика соопшти дека ковид-19 е главната причина за смрт на повеќе од 48.000 случаи.
Од таму соопштуваат дека коронавирусот довел до трипати повеќе смртни случаи отколку што предизвикале грипот и пневмонијата заедно измеѓу јануари и август.
Се проучувала стапката на смртност на сите три болести и се утврдило дека 48.168 смтни случаи биле исклучиво предизвикани од вирусот ковид 19.
Ова значи дека во текот на осум месеци ковид-19 сочинувал 12,4 отсто од сите смртни случаи. Поради пневмонија полинале 13.619 лица, а 394 поради грип.
Во Заводот овие податоци исто така ги споредиле со податоци од 1959 година, од кога постојат месечни евиденции за смрт. Со ова откриле дека ковид-19 е посмртоносен од било кој сезонски грип и пневмонија.
Кај жените биле забележани повеќе смртни случаи поради грип или пневмонија, додека пак кај коронавирусот смртноста била за 24 отсто поголема кај мажите.