И по 9 недели продолжуваат протестите против поскапувањето на цената на струјата – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/20 3:52 PM

И по 9 недели продолжуваат протестите против поскапувањето на цената на струјата

И по 9 недели  продолжуваат протестите против поскапувањето на цената на електричната енергија. Утре во Тетово ќе се одржи десетиот по ред протест. Организаторите велат дека ќе биде масовен. Учесниците ќе маршираат и низ центарот на Тетово.

Од Иницијативата против поскапувањето на цената на струјата, велат дека нема да се откажат од протестите. Подршка како што велат добиваат и граѓаните, а во последно време и од политичките партии.

Од Иницијативата, велат дека олигарсите уште повеќе сакаат да го осиромашат и онака сиромашниот народ, но народот кој и дава силна подршка на иницијативата нема да го дозволи тоа.

Протестот е закажан за утре со почеток во 14 часот, а учесниците ќе маршираат од градскиот плоштад до зградата на поранешниот монопол.

Зоран Димовски