Работите на реконструкцијата на државната вила во која до смртта живееше Јованка Броз, а во која треба да се всели српската премиерка Ана Брнабиќ, практично се завршени.
Како што јавува „Нова,рс“, а пренесуваат и други балкански медиуми, вчера било поправено и централното греење, па вилата е подготвена за вселување премиерката и нејзиното семејство. По смртта на Титовата вдовица никој досега не се имал вселено во вилата позната и под името „Бор“.