Најмалку осуммина загинати при експлозија на цистерна со гориво во Нигерија – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/20 2:17 PM

Најмалку осуммина загинати при експлозија на цистерна со гориво во Нигерија

Во нигериската држава Лагос експлодира цистерна со гориво. Според првичните проценки, во несреќата животот го загубија осум луѓе, пренесува Анадолија (АА).

Во вестите објавени во локалните медиуми се наведува дека во подрачјето Алимошо во државата Лагос, од засега непознати причини дошло до експлозија додека од цистерна се истоварало гориво на една бензиска станица.

Според првичните проценки, од експлозијата животот го загубиле осум лица, а голем број се повредени.

Претставниците на власта изразија загриженост од можноста за зголемување на бројката на починати.

Ибрахим Фаринлој, заменик-координатор на нигериската Агенција за раководење со итни состојби (SEMA) за државата Лагос, го потврди настанот, но не даде информации за бројот на загинати.

Фаринлој соопшти дека на местото на несреќата се испратени екипи за итни интервенции, додавајќи дека ситуацијата е ставена под контрола.