Комисијата со нови мерки – Маски на отворено, забрането собирање по дома и групирање на повеќе од четири лица на јавен простор – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/20 1:51 PM

Комисијата со нови мерки – Маски на отворено, забрането собирање по дома и групирање на повеќе од четири лица на јавен простор

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција најави нови мерки кои Комисијата за заразни болести ќе ги предложи до Владата, поради големиот број на новозаболени.

Денеска како што информираше имаме рекорден број на новозаболени – 364 лица.

– Ќе предложиме забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови – групирање во домовите на слави и собири. Во едно живеалиште најмногу ќе можат да се примаат четири гости, освен лицата кои живеат таму. Анализите покажуваат дека сериозен број од новозаболените се од вакви настани. Со оваа мерка дополнително ќе се избегне забавите и журките од угостителските објекти да се префрлат по домовите. Се забранува групирање на јавен простор – на бензински, паркови, паркинзи,  на повеќе од четири лица. Задолжително носење маски секаде при престој на отворено, на затворено и во транспорт – исклучок се прави при спортување на отворен простор, транспорт во приватно возило и при седење во угостителски објект. Исклучок се и децата од претшколска возраст, рече министерот Филипче.