Во два дена нападнати неколку полицајци на подрачјето на СВР Штип – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/20 9:56 AM

Во два дена нападнати неколку полицајци на подрачјето на СВР Штип

Полициски службеници од Кочани и Виница биле нападнати при вршење на службени дејствија, по што напаѓачите се приведени.

СВР Штип соопштува дека на 06.10.2020 година, околу 23.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода А.С.(23) од Кочани затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.10.2020 година, во 12.10 часот на место викано „Компосара“ на магистралниот пат Делчево – Штип, атар на Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(29) од Виница затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во билтенот на СВР Штип.