Македонија без Елиф Елмас, Косово без Милот Рашица и Ведат Муриќи. Двете репрезентации вечерва на арената „Тодор Проески“ нема да истрчаат со најсилните можни состави и затоа селекторите Ангеловски и Чаландес ќе мораат да се прилагодат на постоечкиот играчки кадар.
На местото од Елиф Елмас се очекува да стартува фудбалерот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски, кој заедно со Горан Пандев ќе го сочинуваат нападот на нашата селекција. Во 3-5-2 формација на Игор Ангеловски, „зацементиран“ на голот би билСтоле Димитриевски, стоперската тројка ќе биде составена од Муслиу, Велковски и можеби Стефан Ристовски, доколку селекторот се одлучи за оваа поставеност, ќе биде третиот централен дефанзивец. По бочните страни ќе ординираат Алиоски лево и Николов десно.
Доколку Ангеловски се одлучи да игра со четворица фудбалери во задна линија, тогаш Алиоски ќе игра на позицијата лев бек, а Стефан Ристовски на неговото природно место, десен бек.
Во средината на теренот, стандардно се наоѓаат Енис Барди, Стефан Спировски и играчот на Динамо Загреб, Арјиан Адеми.
За гостите, директната замена за новиот фудбалер на Лацио, Ведат Муриќи, се очекува да биде фудбалерот на АПОЕЛ, Ате Нухиу.
Извор:
footbla.com