(Видео) Македонка воодушеви со настапот на „Malta’s Got Talent“: Жирито дури се расплака – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 10:51 PM

(Видео) Македонка воодушеви со настапот на „Malta’s Got Talent“: Жирито дури се расплака

Има триесет и две години и потекнува од Тетово, а живее во Малта. Деница Апостоловска која се отселила од земјава пред пет години ја воодушеви јавноста откако се пријави на музичкото шоу „Malta’s got talent“ и веднаш ги освои симпатиите на жирито.

Меѓу другото, таа на сцената изведе и традиционална малтешка песна, по што ги доби гласовите на сите четири члена на жирито.

Уживав, свиреше на гитарата со толку голема страст. Родена си за пеење. Мислам дека беше многу интересно и изведено на оригинален начин – се само дел од коментарите.

Настапот на оваа Македонка погледнете го во продолжение: