Четири прашања што треба да си ги поставите пред да почнете да живеете заедно со партнерот – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 10:38 PM

Четири прашања што треба да си ги поставите пред да почнете да живеете заедно со партнерот

Сонувате за тоа да живеете заедно со саканата личност? За да не се претвори сонот во ноќна мора, размислете добро околу следниве прашања:

Ако еден од вас добие работа надвор од земјата, дали другиот ќе се согласи исто така да се пресели надвор од границите?

Ако без размислуање би се согласиле да отидете и на другиот крај од светот за да живеете со него/неа, тогаш не би требало да имате никакви дилеми. Но доколку зад желбата за селење се кријат причини како што е заштеда од поделба на смеките за режиските трошоци или ќирија и на целата таа комбинација гледате повеќе како на однос меѓу двајца цимери, размислете два пати.

„Заедничкиот живот од погрешни причини, како што се финансиските, може да ве вовлечат во кмплициран однос од кој можеби нема да може да се извлечете кога ќе посакате“, предупредува В. Брeдфорд Вилкокс, професор по филозофија кој стои на чело на Националната програма за брак на Универзитетот во Вирџинија. Имено, паровите кои свесно и одговорно донесуваат одлука како што е оваа, имаат многу поголеми шанси за успех во врската, за разлика од оние што ги прават работите само затоа што ги прават и друите или пак, сакаат да пробаат нешто ново…Не размислувајте за тоа како за нешто кое мора да го направите.

Можеме ли да ги поделиме домашните обврски без да „фрламе“ чинии еден кон друг?

Ако вашиот партнер има лоши карактеристики и е себичен, тоа може да предизвика сериозни проблеми. Ако се грижите поради валканите боксерки кои се расфрлани по станот или поради кренатата даска од вц-школката, тоа се сосема нормални и вообичаени работи. Поточно, 83 проценти од девојките сметаат дека заедничкото живеење е најтешкиот тест за врската со нивното момче, во кој најголемиот предизвик е делењето на домашните обврски – покажува онлајн анкетата на страницата UGallery.

Дали можеме многу сериозно да разговараме со пари?

Ова можеби не е најсекси разговор, но ќе морате да го направите бидејќи ставањето потпис на документи што и законски ве обврзуваат на некои работи, не е мала работа.

„Ако вашиот партнер не си го плати својот дел од ратата тоа може на пример, да влијае на вашата кредитна способност доколку имате земено кредит“, предупредува Алекса вон Тобел – основачка и извршна директорка на фирмата за финансиско советување LearnVest. Таа сугерира дека треба да направите план за буџетирање според сумата што секој од вас може да си ја дозволи на месечно ниво за плаќање на ратата за кредит или за режиските трошоци. Ретко се случува ситуацијата да е идеална  и трошоците да се делат на половина. Доколку еден од вас заработува повеќе, можете да зборувате за тоа тој што може да си дозволи, да плаќа за поголемиот дел од обврските. Најважно е всушност, да направите план според кој и двете страни ќе бидат задоволни.

Дали овој чекор може лошо да влијае на евентуалниот брак?

Заборавете на се’ она што ви го зборувале мајка ви и баба ви. Животот во пар не значи дека засекогаш ќе бидете само момче и девојка и дека машката страна никогаш нема да клекне со прстен. Две третини од новосклучените бракови се токму меѓу оние кои и пред заветите решиле да видат како е да се живее со саканата личност под ист кров.

Делењето заеднички простор со партнерот може да функционира како генерална проба за бак, но немојте преселбата да ја прецепирајте како последен чекор пред свадба. Бидете искрени за тоа како ја замислувате својата врка во иднина, а ако сакате таа да заврши со брак, бидете сигурни дека и двајцата го сакате тоа од вистински прашања.

 

Извор:  cosmopolitan.hr