Малер и пол: Три голмани им се позитивни на коронавирус, ја враќаат легендата од пензија – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 6:19 PM

Малер и пол: Три голмани им се позитивни на коронавирус, ја враќаат легендата од пензија

Фудбалската репрезентација на Украина вечерва ќе одигра пријателски натпревар со светскиот првак Франција, но пред мечот се соочи со голем проблем. Сите три голмани на репрезентацијата им се позитивни на коронавирус, па како алтернативно решение е повикан 45-годишниот Александар Шовковски, кој престана да брани во 2016 гоина, а во моментот му е помошник на селекторот Шевченко.

Шовковски веројатно ќе биде дел од репрезентацијата и за двата меча од Лигата на нации што Украина ги игра деновиве со Германија и со Шпанија.