Исчкртана и таблата пред споменикот на Александар Македонски во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 4:55 PM

Исчкртана и таблата пред споменикот на Александар Македонски во Штип

По исчкртаните и оштетени табли пред спомениците во Битола и Скопје, денеска оштетена е и новата табла која беше поставена пред споменикот на Александар Македонски во Штип.

Таблата ноќеска беше исчкртана, а во сабајлево е и откорната.

Уништувањето беше тема на социјалните мрежи и вчера,  откако Владата завчера постави нови табли пред спомениците – со кои се објаснува кои се личностите и дека биле дел од хеленската историја.

Ваквата промена на таблите е резултат на обврските преземени со Преспанскиот договор.