Од утре до сабота ќе се прска против комарци. Како што информираат од Градот Скопје првата фаза од терестричната дезинсекција против комарци ќе се реализира во периодот од 23 до 4 часот изутрина.
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога ќе бидат поволни временските услови“, велат од Градот и ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Првото прскање против комарци доцни повеќе од еден месец, затоа што градските власти заглавија во тендерот. Причина за одолжувањето на постапката беше дополнителното испитување на средството за прскање, за кое градските власти се сомневаа дека можеби е опасно за здравјето на граѓаните. По спроведувањето на лабараториските анализи, беше склучен договорот со фирмата која ќе прска.