Во септември повисоки трошоците на живот и цените на мало во однос на септември лани – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/20 3:14 PM

Во септември повисоки трошоците на живот и цените на мало во однос на септември лани

Трошоците на живот во септември годинава во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,2 отсто, а во однос на септември лани зголемување од 1,9 отсто.Цените на мало пак во септември годинава во однос на претходниот месец имаат намалување од 1,1 отсто, а во однос на септември лани зголемување од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,5 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 3,5 отсто, медиумите за снимање за 3 отсто,  информатичката опрема за обработка на податоците за 1,2 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,1 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,6 отсто, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 отсто, теписите и другите подни покривки за 0,3 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за  0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,7 отсто, месото за 1,1 отсто, виното за 1 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,7 отсто, маслото и маснотиите за 0,6 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 отсто.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај книгите за 1,6  отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 1,1 отсто, облеката за 1 отсто, обувките за 0,9 отсто, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6 отсто, фризерските салони и центрите за разубавување, другите лични предмети за 0,5 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 отсто, моторните возила за 0,3 отсто, другите медицински производи за 0,2 отсто.

МИА